Skip to main content
Свет

По 6,5 часа завршија преговорите меѓу делегациите на Русија и САД во Истанбул

27/02/2025  15:30

Во Истанбул по 6,5 часа завршија преговорите меѓу руската и американската делегација за прашања поврзани со работата на амбасадите.

MK Summit

Разговорите одржани во американскиот конзулат завршија без изјави за новинарите.

Турскиот „Хуриет“ пренесува дека руската делегација пристигнала во конзулатот околу 9 часот и 20 минути, а преговорите се однесуваат на активностите на амбасадите во рамките на нормализацијата на односите меѓу двете земји.

Руската делегација ја сочинуваа претставници на Министерството за надворешни работи.