Search

Пијан скопјанец направил сообраќајка и пробал да им избега на полицајците

Пијан скопјанец направил сообраќајка и пробал да им избега на полицајците

Вчеравечер во 20.30 часот во Скопје, на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” од страна на полициски службеници, поради учество во сообраќајна незгода, при обид да извршат легитимирање на И.В.(37) од Скопје, истиот почнал да им се заканува и да им упатува погрдни зборови и пцовки.

Потоа се дал во бегство. Од страна на полициските службеници И.В. бил приведен и под видно дејство на алкохол.

На местото на настанот сочинет е записник за констатирани прекршоци по чл.13 и чл.6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Треба да знаете
Последни објави