Skip to main content
Македонија

Петровска: Расте буџетот за одбрана, а платите во Армијата стагнираат – реален или фиктивен раст?

16/01/2026  09:19

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска реагира на најавите на министерот за одбрана Владо Мисајловски во врска со Буџетот за 2026 година, оценувајќи дека зад фалбите за „историски најголем“ буџет се кријат сериозни прашања.

Таа прашува дали растот на буџетот е реален или само фиктивен. Според неа, доколку буџетот навистина расте, тогаш паралелно со средствата за модернизација и инвестиции мора да се подобрува и стандардот на припадниците на Армијата и вработените во одбраната.

„Нема силна држава без силна одбрана, а нема силна одбрана без задоволни и мотивирани припадници“, истакнува Петровска, додавајќи дека кога си на власт, мора да се нудат решенија, а не изговори.

Во постскриптумот од нејзината објава, Петровска посочува дека веќе две години чека министерот за одбрана да одговори на нејзиниот повик за ТВ дуел. „Да одговориме на многу прашања, а богами и да разобличам многу лаги кои тој ги шири“, порачува таа.