
Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода пет лица кај кои била пронајдена дрога.
На 11.06.2026 во 22:50 часот на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода П.П.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
На 11.06.2026 во 21:10 часот на ул.„Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.К.(36) од Прилеп затоа што кај него биле пронајдени и одземени грутчеста и прашкаста материја.
На 11.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(28), В.С.(32), двајцата од Скопје, како и А.Ѓ.(24) од кривопаланечко, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и нож.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.


