Skip to main content
Свет

Песков: Средба на Путин со Зеленски можна само за финален договор

23/04/2026  08:44

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само за финализирање на договорите за решавање на конфликтот.

Путин е подготвен за средба со Зеленски, но разговорите треба да бидат продуктивни и да се одржат во фаза на „финализирање на договореното“, појасни Песков.

„Клучно е која е целта на средбата. За што е средбата? Путин кажа дека е подготвен да се сретнат (со Зеленски) во Москва во секое време. Главното е да има причина за средбата и, најважно, таа да биде продуктивна и да служи само за финализирање на договорите“, изјави Песков.