Skip to main content
Македонија

Пешевски за Игор Југ: Човек срце планина, легенда, бестрашен, без влакна на јазик, искрен, патриот до срж

07/02/2025  14:50

Адвокатот Драган Пешевски на неговиот Фејсбук профил издвои две ситуации кои на него му останале најмногу во сеќавање во кој главна улога имал Игор Југ.

Втората според Пешевски била кога предметот беше во фаза на испитување сведоци а сведок бил Зоран Заев. На сведочењето истиот рече дека Игор ја држел раката позади како да држи пиштол, сакал да го убие, се приближил на неколку метри од него и се предомислил.

„Следуваше прашање од Игор зошто се предомислил на што Заев му одговори дека се исплашил. На ова Игор се обрати на судот и побара збор што му беше одобрен. Ке пробам да го парафразирам: Судија поради тоа што сведокот кажа дека сум се исплашил кога сум дошол на неколку метри до него, би ве замолил ако може да не соочите на неколку метри да му покажам колку се плашам. Беше веднаш отстранет од судница“,

Човек срце планина, легенда, бестрашен, без влакна на јазик, искрен, патриот до срж. Вечна ти слава Игоре, Македонија многу изгуби!!!“ напиша адвокатот Пешевски на неговиот Фејсбук профил.