
Папата Франциско денеска изјави дека злоупотребата на деца е страшно злосторство.
„Злоупотребата на малолетници, без оглед на нејзината природа, е одвратен, страшен чин. Тоа не е само зло на општеството, туку и злосторство“, нагласи папата, пренесе Анса.
Тој исто така истакна дека тоа е „сериозно кршење на Божјите заповеди“.
Папата додаде дека ниту едно дете не треба да трпи злоставување и повика на будење на совеста, блискост и солидарност кон малтретираните деца и адолесценти.
Тој, исто така, повика на градење доверба со оние кои работат за да понудат безбедна средина каде децата ќе можат да растат во мир, пренесува Танјуг.