
Папата Франциск имаше мирна ноќ и се одмара, соопшти утрово Ватикан во редовниот извештај за здравствената состојба на поглаварот на Католичката црква.
Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.
Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.
Лекарите синоќа информираа дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта.