Skip to main content
Македонија

Падна електричен столб, Тајмиште 11 дена без струја – ЕВН: Се прават напори за санирање, но станува збор за непристапен терен

04/01/2025  16:59

Жителите на село Тајмише Кичево веќе 11 дена се без стуја.
Тие изгубиле многу пари затоа што храната што ја купиле за новогодишните празници веќе ја фрлиле во ѓубре. Новата година ја дочекаа во мрак, додека велат дека ваквата состојба веќе станува неподнослива. Тие бараат итна интервенција.

За настанатата сосотојба ТВ21 побара став од ЕВН од каде велат дека секој ден се прават напори за да се стигне до местото каде што се наоѓа столбот, но како што велат станува збор за непристапен терен

„Во кичевското село Тајмиште, како последица од невремето настанал дефект од посериозни размери при што паднал челично решеткастиот столб кој е клучен во снабдувањето на овој реон. Покрај тоа, екипите на Електродистрибуција се соочуваат со целосно непристапен терен. Секој ден се вложуваат напори за да се стигне до локацијата на столбот, но во моментов теренските услови воопшто не го дозволуваат тоа. За ситуацијата е запознаен и Центарот за управување со кризи – ЦУК-велат од ЕВН.

Местото каде што се случил дефектот, односно каде што паднал челично решеткастиот столб изгледа вака…

Додека ТВ21 беше во селото, екипа на ЕВН дојдоа да го наблудува теренот, но сепак дефектот не беше саниран.

Извор: ТВ21