Skip to main content
Скопје

Отстранете ги хаварисаните возила – потсетува општина Карпош

09/05/2025  17:15

Во текот на оваа недела во скопски Карпош продолжи акцијата за подигање на стари отпадни (хаварисани) возила согласно Законот за управување со дополнителни текови на отпад, во соработка со Колективниот постапувач со кој општината има склучено договор за соработка.

– Подигaњето се изврши на територија на УЗ Тафталиџе 1 и УЗ КЈП на возила без регистарски таблички кај кои рокот од 10 дена од залепена налепница за дислокација на истото е изминат, информираа од општината и повторно упатија апел до сите граѓани кои поседуваат таков тип на возило и на кое веќе е залепена налепница и е спроведена инспекциска постапка од страна на инспекциските служби, да ги отстранат своите возила, во спротивно истите ќе бидат отстранети на нивен трошок.

Возилата ќе бидат транспортирани во собирен центар – депо, каде што ќе бидат оставени 7 дена а потоа ќе бидат однесени на рециклирање.

Акцијата продолжува до конечно подигање на сите отпадни возила на територија на општина Карпош, потестуваат од локалната самоуправа.