Search

Освен „бомбите” и СМС пораките кои ги разменувале Груевски, Пешевски и Јанакиески ќе бидат доказ во „Траекторија”

Освен „бомбите” и СМС пораките кои ги разменувале Груевски, Пешевски и Јанакиески ќе бидат доказ во „Траекторија”

И СМС пораките кои ги разменувале обвинетите во случајот „Траекторија” ќе бидат доказ во постапката против нив. Ова го одлучи денес судијата Горан Бошевски на предлогот кој минатото рочиште го даде поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во оваа постапка. Судијата Бошевски освен што го одби предлогот на Груевски да не бидат прифатени СМС пораките, ги одби и останатите негови предлози кои се однесуваа на неприфаќање на обвинението како и одбивање на вештачењето.

Судијата Бошевски појасни дека СМС пораките ќе бидат доказ во оваа постапка, а обвинувањата на обвинетиот Груевски за тоа дека е менувана нивната содржина, судот не е должен да ги цени во оваа фаза од постапката. Судијата го прифати и вештиот наод за кој Груевски бараше да се издвои од списите на предмот бидејќи, според него бил незаконски документ кој го изработиле вештаци без лиценци.

Според судот, вештачењето е законско и веродостојно.

За прислушуваните разговори од кои 13 од вкупно 315, колку што има во постапката за „Траекторија” , судијата Бошевски одлучи дека сите можат да бидат доказ и дека тоа што биле јавно објавени на ја намалува нивната доказна вредност.

По одбивањето на предлозите судијата Бошевски го почна судењето за овој предмет на СЈО и ги праша обвинетите за генералии, како и за тоа дали го разбрале обвинението и дали чувствуваат вина.

Пешевски, Јанакиески, Георгиевски и Груевски одговорија исто, не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги гони СЈО.

Во врска со тоа дали го разбираат обвинението, обвинетите Пешевски, Јанакиески и Георгиевски одговорија дека го разбрале обвинителниот акт, а само Груевски рече дека го прочитал и разбрал обвинението, но не сфатил за што е обвинет.

На ова судијата Бошевски му појасни дека е обвинет за кривичното дело примање награда за противзакониот влијание.

Треба да знаете
Последни објави