Skip to main content
Свет

Осуммина повредени во руски напад врз Одеса

27/05/2026  19:59

Осум лица досега се повредени, меѓу кои и едно 12-годишно дете, како резултат на денешниот напад врз Одеса, соопшти началникот на Одеската обласна воена администрација, Олег Кипер, на Телеграм.

Според неговите информации, неколку лица се во тешка состојба и на сите им се укажува неопходната медицинска помош.

Одескиот регион денеска беше нападнат со дронови, при што сирените беа активирани во 12:09 часот и траеја до 13:15 часот.