Search

Османи: Не е прекршена процедурата при носењето на законот

Во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на законот за употреба на јазиците, изјави денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кој присуствуваше на конференција во Собранието посветена на судските реформи.

Во врска со амандманите што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ, Османи вели дека не можат да се поднесат амандмани на закон што веќе еднаш бил изгласан и тој може да се измени само со предлог-закон за измени.

„Усвоени закони можат да се променат само со предлог-закони. Ако некој сака да го промени овој закон, тогаш треба да поднесе предлог за измени“, рече Османи и додаде дека немало никаква основа за предлагање на амандманите, а тоа го констатирал претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според Османи, претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише законот

Треба да знаете
Последни објави