Skip to main content
Македонија

ОЈО за акцијата на МВР: Извршени се претреси на 16 локации

05/02/2025  17:15

По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, Министерството за внатрешни работи презема дејствија во предистражна постапка во предмет за злоупотреба и договарање помеѓу економски оператори и вработени во Одделот на МВР за општи и заеднички работи околу спроведена јавна набавка во полицијата, соопштија од скопското обвинителство.

До овој момент, извршени се претреси на 16 локации врз основа на наредба издадена од судија на претходна постапка, а по барање на јавниот обвинител.

Имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката, не сме во можност да споделиме повеќе детали во моментов.