Skip to main content
Хроника

Охриѓанец пијан возел тротинет, паднал и тешко се повредил

08/09/2026  14:17

На 07.09.2026 во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Марко Нестороски” во Охрид, Ј.Т.(29) од Охрид, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата Ј.Т. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Додека, при преземање мерки и вршење увид било констатирано дека Ј.Т. го управувал електричниот тротинет под дејство на алкохол, односно било констатирано присуство на 2,12 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот ќе следува соосветна пријава.