Skip to main content
Хроника

Ограбил обложувалница во Тетово, па сакал да избега од државата, полицијата го уапси

14/06/2026  14:05

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.З.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба”. На 08.06.2026 околу 02:00 часот во спортска обложувалница во Тетово, пријавениот со закана со остар предмет кон вработениот одзел пари од касата.

Истиот ден во 11:30 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, тој е лишен од слобода при обид да ја напушти државата.