Skip to main content
Македонија

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ

14/06/2026  13:48

Соопштение за јавност на СДСМ:

Апликацијата „Мој ДДВ” пет дена по ред е нефункционална. Иако се најавува дека денеска била ставена во функција граѓаните и натаму се соочуваат со низа на проблеми. 

Со денови граѓаните не можат да скенираат фискални сметки и да си ги вратат дел од парите од ДДВ токму во периодот кога тоа најмногу го прават.

Ова не е случајно. Ова е директна последица од празната државна каса. Кога нема пари во буџетот, државата нема ниту намера да им ги врати парите на граѓаните. 

Со тоа што системот не работи, Владата едноставно нема да исплати дел од ДДВ-то што инаку би требало да им го врати на граѓаните.

Ова е уште еден доказ за тоа како функционира оваа власт. 

Наместо да се грижи за граѓаните и да обезбеди нормално функционирање на институциите, Мицковски и неговата банда ја доведоа државата до ситуација во која дури и основните услуги за враќање на пари на граѓаните се блокирани.

Наместо реформи и одговорно управување со јавните финансии, добиваме нефункционални системи и празни ветувања. 

Граѓаните плаќаат ДДВ, но сега и тоа што им припаѓа назад – нема да го добијат.

Ова е дел од истата политика што ја доведе Македонија до економски колапс. 

Кога нема пари затоа што се трошат на клиентелизам и корупција, тогаш не функционира ништо – ниту економијата, ниту услугите за граѓаните.