Вчера во СВР Битола било пријавено дека е ограбена менувачница на улицата „Рузвелтова“. Според пријавеното грабежот се случил помеѓу 4 јануари од 17 часот до осми јануари до 8 часот изутрината.
Од МВР соопштуваат дека во објектот било влезено со употребана сила со подесен алат во сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.