
На почетокот на денешното рочиште за судскиот процес за пожарот во објектот „Пулс“, одбраната на првообвинетиот сопственик, Дејан Јованов-Деко, повторно побара негово ослободување од ефективен притвор. Како главна причина за ова барање адвокатите ја наведоа влошената здравствена состојба на обвинетиот.
Адвокатката Ивана Коцевска апелираше до Судот и Обвинителството да покажат хуманост и да не подлегнуваат на притисоци од јавноста при одлучувањето.
Таа достави и медицински извештај од преглед извршен претходниот ден.
Барањето за укинување на притворот предизвика вистински револт кај родителите на настраданите кои беа присутни во судницата. Тие со висок тон извикуваа „срамота“, а се слушнаа и заканувачки пораки упатени кон обвинетиот.
„Пуштете го ние сами ќе му пресудиме“ извика еден од родителите.
Поради ваквите реакции, одбраната побара отстранување на јавноста, но судијката Диана Груевска-Илиевска се одлучи само за предупредување.
Ставот на Обвинителството Обвинителот Борче Јанев експлицитно се изјасни дека Обвинителството не може да даде позитивно мислење за куќен притвор во овој момент, објави 4news.mk На забелешките на одбраната дека веќе поминале осум дена од првичното поднесување на барањето, обвинителството најави дека и писмено ќе се произнесе по предлогот.

