Skip to main content
Македонија

Нови детали: Насилничките од Ѓорче малтретирале и други девојчиња

28/04/2026  12:45

Македонската јавност е шокирана од последниот случај на врсничко насилство во Ѓорче Петров каде најмалку 10 до 12 девојчиња од основно училиште тепале, малтретирале и понижувале нивна соочуеничка.

Во разговор со роднини на деца кои учат во истото училиште дознаваме дека 12 годипното девојче малтреирано во паркот не е единствената жртва на оваа насилничка група, но истата е најмногу малтретирана.

Девојчето кое на 30 март било злоставувано во паркот во Ѓорче Петров и неколку денови претходно било тепано, кубено и фрлано на земја и сето тоа било снимано со мобилни телефони а видеата циркулирале меѓу учениците.

24инфо.мк доби дел од таквите видеа но поради сензитивноста истите нема јавно да ги објави.

Дополнително, вработени во училиштето а кои сакаат да останат анонимни за 24инфо.мк сведочат дека групата претходно малтретирала и други девојчиња во училиштето.

Дополнително, групата од насилнички цел месец по злоставувањето и натаму оди во училиште и се однесува безобразно и силеџиски без грам срам или каење, велат вработени во училиштето.

Инаку, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кажа дека за случајот на разговор се повикани 14 лица, меѓу кои и родители на насилничките.

„За дел од нив ќе следуваат соодветни процесни дејствија“ изјави Тошковски додавајќи дека целиот предмет сега е во рацете на Јавното обвинителство.