
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, дознава 24инфо од свои извори.
Според информациите на 24инфо, причина за неговото хоспитализирање е влошување на постоперативна инфекција, по што била потребна лекарска интервенција и болнички третман.
Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за понатамошниот тек на лекувањето.
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје

