Skip to main content
Свет

Од судско депо на Фиџи исчезна кокаин во вредност од околу 14 милиони долари

30/09/2026  21:47

Полицијата на Фиџи спроведе истрага против шест лица откако дрога, чувана како доказен материјал во два судски предмети, исчезнала или била предмет на манипулација.

Истрагата е иницирана откако било откриено дека исчезнале седум од вкупно 39 пакувања кокаин, кои служеле како доказ во еден судски случај. Преостанатите пакувања подоцна биле тестирани и резултатите покажале дека кокаинот, во вредност од околу 14 милиони долари бил заменет со брашно.

При тестирањето на доказниот материјал во февруари и јули 2019 година имало присуство на кокаин, а потоа дрогата била пренесена во Високиот суд во 2021 година.

Исто така е утврдено дека недостасува и кокаин што се чувал како доказен материјал и во друг случај.