Skip to main content
Свет

Од колера за една недела во Судан умреле 70 лица

28/02/2025  09:18

Најмалку 70 лица починале од колера, а повеќе од 2.200 се заразени во јужниот дел на Судан во изминатата недела, објави меѓународната хуманитарна организација „Спасете ги децата“, повикувајќи се на податоци од Министерството за здравство на оваа земја.

Здравствениот систем на Судан е урнисан од граѓанска војна во која од 1 април 2023 година се загинати десетици илјади и раселени се уште над 12 милиони лица.

Епидемијата во суданската држава Бел Нил следеше откако дојде до прекин на снабдувањето со вода за пиење во Костија, главниот град на оваа држава, по нападот со дрон врз електраната Ум Дабакар, 270 километри јужно од Картум.

„Повеќе од 2.200 луѓе, вклучително и деца, во моментов се борат со смртоносната епидемија на колера во градот Коста“, се наведува во соопштението на хуманитарната организација, додавајќи дека тоа е во просек 400 случаи на зарази дневно.