Skip to main content
Македонија

Обвинителството: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство

12/10/2026  15:30

На Ива Михајлова од Кочани,  која е обвинета во судска постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици, пред една година ѝ биле одземени два пасоша (македонски и бугарски) и ѝ  била изречена забрана да го напушта градот во кој живее со обврска да се јавува кај службено лице, соопшти државното Јавно обвинителство.

По бегството на Михаилова во Бугарија, која границата ја преминала нелегално, ЈОРСМ посочува дека надлежен јавен обвинител ги презел сите чекори за обезбедување на ова лице и дека ризикот од бегство било меѓу клучните основи поради кои Обвинителството повеќе пати давало негативно мислење на барањето за враќање на патната исправа