Skip to main content
Македонија

Невреме со обилни дождови, грмежи, ветер и крупен град го зафати Дојран – нестабилната воздушна маса се движи кон Гевгелија

07/05/2025  13:05

Пред неполн час Дојран бил зафатен од невреме проследено со обилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и крупен град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Подрачјето на Дојран се соочи со силно невреме во претпладневните часови, при што врнеше обилен дожд, имаше интензивни грмежи, засилен ветер и падна крупен град. Овие временски појави доведоа до нагло влошување на условите, значително намалена видливост и предизвикаа локални оштетувања.

„Во моментов нова нестабилна маса се движи од Гевгелија кон Дојран и се очекува повторно да го зафати невреме со истите појави. Нестабилност со слаб интензитет има и во кумановско, како и во мариовско“, информираа од УХМР.

Слабa нестабилност е регистрирана и во кумановскиот регион, како и во делови од Мариово, каде се очекуваат повремени врнежи и локални електрични празнења. Метеоролозите апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да избегнуваат движење на отворено за време на невремето.