Skip to main content
Македонија

Неизвесноста со интерпелацијата Даути продолжува, од АА бараат нејзин реизбор

15/01/2025  17:52

Продолжуваат партиските реакции околку интерпелацијата на Илире Даути.

Крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села стои зад изјавата на Илире Даути и засега не планира таа да си поднесе оставка како претседателка на комисијата за социјална политика, откако претходно со мнозинство гласови и беше изгласана недоверба. Од партијата преку соопштение попладнево кажаа дека го имаат истиот услов кој го соопшти и самата Даути – бараат Гаши да го укине заклучокот по нејзината интерпелација во петокот, за таа, како што велат, да можела да дејствува слободно, без цензура и без диктат.

-Алијанса за Албанците и Европски Фронт стојат зад изјавата на г-ѓа Даути, цениме дека таа ја вршела својата работа одговорно и согласно Деловникот и затоа бараме да се укине заклучокот инициран од Левица, а предложен од Гаши, изјавија од партијата на Села.

Даути вчера во ТВ гостување го испорача истиот услов до владејачката Вреди и Гаши доколку, како што рече, сакале таа да остане на чело на собраниската комисија како што тврдат. Во спротивно, вели, не можела да работи под диктат.

-Да го тестираме ВЛЕН, дали се искрени во помошта и барањето Илире Даути да биде претседател на комисијата? Подготвена сум, но Африм Гаши да ја свика пленарната седница, пратениците да дојдат и да гласаат токму за укинување на тој заклучок што го донесоа тој ден и тие да гласаат за Илире Даути за претседател на комисијата како слободни и невлијателни пратеници, без диктат и без претходно утврдени услови, во форма како што одлучил, изјави Даути.

Од СДСМ, пак, одговорноста покрај кај Даути ја гледаат и кај Гаши не само поради тоа што не ја свика седницата на Комисијата за социјална политика, туку и поради неговата изјава дека интерпелацијата нема правно дејство.

-Целата одговорност околу несвикувањето на седницата за законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Даути е кај претседателот на Собранието Африм Гаши. Откако е изгласана интерпелација односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти кои се неговите следни чекори по изгласувањето на интерпелацијата за Даути, изјави портпаролката на СДСМ, Кузеска.

Целиот текст на Канал 5 со клик ТУКА.