Skip to main content
Македонија

Негативен природен прираст, помалку склучени, а повеќе разведени бракови

28/02/2025  08:43

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2024 година, во споредба со истиот период од 2023, е намален за 4,2 % и изнесува 3 968.

Бројот на умрените лица, пак, за истиот период бележи намалување од 1,0 % и изнесува 5 174 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 206, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 14,7 % во споредба со истиот период од 2023 година и изнесува 2 430 бракови.

Во ова тримесечје од 2024 година е регистриран 601 разведен брак, што претставува зголемување од 23,9 % во споредба со истиот период од 2023 година.