
Не успеа обидот на општинските власти за затворање на нелегалниот пешачки премин во близина на мостот кај Бит Пазар во Скопје.
Голем број граѓани и дуќанџии кои работат во близина излегоа на протест за да се спротивстават на затворањето на преминот. Тие на неколку минути го блокираа и сообраќајот на булеварот „Крсте Мисирков“.
Бизнисите во близина бараат лесен пристап и пешачки премин со бели линии, а не затворање на преминот. По ова, на местото пристигна и полицијата. Откако полицијата ја смири ситуацијата, улицата беше повторно отворена, но отворен остана и преминот.
извор ТВ21



