Skip to main content
Хроника

Насилник од Куманово претепал двајца во казино

03/03/2025  19:24

39-годишен кумановец доби кривична пријава откако нападнал и тешко повредил жител на селото Отља во казино во градот, а потоа нападнал уште еден човек, соопшти МВР.

„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.В.(39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“ и „насилство“. На 09.11.2024 во казино во Куманово, пријавениот физички го нападнал З.Р. од с.Отља, липковско и му нанел тешки телесни повреди, по што физички го нападнал и И.С. од Куманово“, велат од полицијата