
Жена од скопската населба Кисела Вода вчера пријавила во полиција дека била нападната од нејзиниот сопруг, од когошто се разведува, информираат од МВР.
„На 08.05.2025 во 13:17 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12:50 часот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.А.(37), со кого е во бракоразводна постапка и кој притоа не го почитувал решението од Основен граѓански суд за привремени мерки за заштита од семејно насилство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во полицискиот билтен.