Skip to main content
Скопје

Наместо цвеќиња за 8 Март, Герасимовски подели билети за претстава во Театар Комедија

07/03/2025  17:10

Градоначалникот Горан Герасимовски, по повод утрешниот Меѓународен ден на жената, 8 март, во Градскиот парк и во Дебар маало, на жените и девојките им подели билети за одлична претстава во Театар Комедија. 

„Наместо цвеќе, оваа година решив моите Центарки да ги изненадам со билети за Театар Комедија. Се надевам дека ќе уживате во претставата и ќе ја наполните вечерта со смеа и убави моменти”, истакна Герасимовски. 

На симболичен начин, Герасимовски се заблагодари за силата и посветеноста што жените ја носат во секојдневието.