Skip to main content
Балкан

Најмалку 12 загинати во експлозија во фабрика во Турција

24/12/2024  09:01

Најмалку 12 лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви во турската провинција Баликесир, изјави гувернерот на провинцијата Исмаил Устаоглу.

Устаоглу изјави дека повредените се во добра состојба и дека точно се утврдува колку луѓе имало во фабриката во моментот на експлозијата.

Тој изјави дека е исклучена можноста за саботажа и дека дел од фабриката се уништил, јави Анадолија.