
Легендарната американска кошаркарка, 42-годишната Дијана Таураси, шесткратна олимписка шампионка и кошаркарка со најмногу постигнати поени во историјата на ВНБА, официјално објави крај на кариерата.
Таураси целата кариера која траеше 20 години во ВНБА ја мина во Феникс Меркјури. Со оваа франшиза освои три шампионски титули (2007, 2009, 2014 година) и двапати беше МВП на финалето.
Таураси, исто така, пет пати беше најдобра стрелец во лигата. Таа постигна вкупно 10.646 поени, речиси 3.000 повеќе од втората на вечната листа Тина Чарлс. Таураси освои шест последователни олимписки златни медали со репрезентацијата на САД, последниот пред шест месеци во Париз, иако за време турнирот имаше минимална минутажа.
Дијана Таураси се смета за најдобра кошаркарка на сите времиња. Никој нема повеќе олимписки медали од неа во светот на кошарката. Покрај успехот на Олимписките игри и во ВНБА, таа играше и за европските клубови Спартак Москва, Фенербахче и Галатасарај.
Има освоено шест Евролиги, седум руски првенства, а има и титула во турската лига. Таа се истакна и на Универзитетот во Конектикат, освои три шампионски титули и две награди за најдобар играч на сезоната.