Skip to main content
Хроника

На скопскиот аеродром двајца малолетници од Шпанија фатени со петарди

04/01/2025  11:38

Вчера на граничниот премин – Меѓународен aеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица, шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи, а додека со родителите да се изврши информативен разговор.