Search

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка

МВР ги отфрла како невистинити инсинуациите за притисок врз полициската службеничка

Министерството за внатрешни работи, во соопштение до медиумите денеска категорично ги отфрла шпекулациите во дел од јавноста дека врз полициската службеничка Јасмина Јаначковска било извршено физичко насилство.

– Исто така, категорично ги отфрламе како невистинити инсинуациите дека врз полициската службеничка е вршен било каков притисок од раководството на МВР во врска со овој настан. Министерството за овој и за сите други случаи настапува максимално транспарентно со единствена цел јавноста да биде вистинито информирана., се вели во соопштението на МВР.

Треба да знаете
Последни објави