Skip to main content
Хроника

Мотоциклист загина во сообраќајка во Куманово

30/06/2026  13:52

На 29.06.2026 околу 12:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Доне Божинов” во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица” со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од Куманово и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.С.(49) од Куманово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар констатирал смрт. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово.