Skip to main content
Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Битола

04/05/2026  14:41

На 03.05.2026 во 14:11 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска” и ул.„Ѓорѓи Наумов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Џ.(19) од Битола и мотоцикл „триумф” со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.А.(42) од Гостивар.