Skip to main content
Македонија

Митева: Десет кафулиња и клубови привремено затворени, изречени казни од 522.690 денари

24/03/2025  15:53

Владата на Република Македонија информираше дека во изминатите денови биле спроведени 116 вонредни инспекциски надзори во угостителските објекти низ земјата. Овие контроли биле дел од напорите за подобрување на условите во угостителскиот сектор и обезбедување на почитување на прописите за безбедност и технички стандарди.

Како резултат на надзорите, изречени се десет решенија за привремена забрана на работата на 10 кафулиња и клубови кои не ги исполнувале прописите и беа утврдени сериозни прекршоци. Во продолжение, 15 од вкупно 23 правни субјекти со активни угостителски лиценци не ги исполнуваат минималните технички услови за безбедност и хигиена, поради што ќе им бидат изречени мерки како решенија за забрана на дејност и предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата.

Дополнително, инспекциите покажале дека кај шест објекти без активна лиценца, кои претходно без проблеми функционирале, се издадени решенија за забрана на вршење дејност.

Покрај санкциите за неисполнување на техничките стандарди и лиценци, издадени се и 59 прекршочни казни во вкупен износ од 522.690 денари. Портпаролката на Владата, Марија Митева, потврди дека и во наредниот период, МВР и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе продолжат со инспекции, овој пат со посебен акцент на објектите кои организираат настани и прослави. Целта е да се утврдат техничките услови за безбедност, правилната категоризација на ресторани и други угостителски објекти, како и почитувањето на законските одредби од Законот за угостителска дејност.

„Сите инспекции имаат за цел да го подобрат квалитетот на услугите и да обезбедат безбедни услови за гостите и персоналот во угостителските објекти“, изјави Митева, додавајќи дека ќе продолжи координацијата меѓу институциите за да се обезбедат високи стандарди во оваа индустрија.