Skip to main content
Македонија

Полицијата уапси прилепчанец по пукање во Центарот за социјални работи: Едно лице повредено

24/03/2025  16:00

Полицијата во Прилеп уапси 50-годишен прилепчанец по инцидентот во кој со огнено оружје било пукано во Центарот за социјални работи. Според соопштението од Министерството за внатрешни работи (МВР), пукањето се случило денеска, во 13:53 часот, кога во Центарот за социјални работи во Прилеп било пријавено дека се слушнале пукотници, а едно лице било повредено и пренесено во Градската болница во Прилеп.