Search

„МИНСТРОЈ ХОЛДИНГ“ А.Д. НУДИ ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА “ФЕНИ“

„МИНСТРОЈ ХОЛДИНГ“ А.Д. НУДИ ЦЕЛОСНО РЕШЕНИЕ ЗА “ФЕНИ“

Во врска со информациите кои се однесуваат на нашиот интерес и работа околу Индустрискиот Комбинат “Фени“ од Кавадарци, би сакале да потврдиме дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. има конкретен план за третман на актуелната состојба со “Фени“.

Имено, по неколкумесечната работа и анализа на состојбите во Комбинатот, кои вклучуваат согледување на материјално-финансиската состојба, производно-техничките услови, доверителите и пред се, статусот на вработените, “Минстрој Холдинг“ А.Д. изготви соодветна програма која нуди целосно и долгорочно решение за Комбинатот, во целост, истовремено решавајќи локален економски проблем во Градот Кавадарци.

Конкретно, “Минстрој Холдинг“ А.Д. има можности, капацитети и нуди:

– Целосна, 100% исплата на обврските кон сите Доверители на “Фени“ утврдени со стечајната постапка;

Затворање на стечајната постапка и ставање на Комбинатот во нормален деловен режим;

Структурирање менаџерски тим кој заедно со висококвалификуваните и искусни работници на “Фени“ ќе работат на развој на Комбинатот;

Обезбедување висококвалитетна руда како основна суровина за непречена работа на печките во “Фени“;

Двегодишен инвестиционен план во висина од 30 Милиони Евра за санација на двете електро печки и придружната опрема;

Можност за рестартирање на рудникот во Ржново и отворање нови работни места .

“За нашиот Холдинг тешката индустрија претставува основен двигател и столб во водењето бизнис. Нашата Компанија е препознатлива по стручноста и умешноста во санацијата и рестартирањето на рударско-индустриски капацитети, поле во кое сме докажани во реалноста, на повеќе проекти. Пример за тоа се двата рудника во Македонија за кои имаме Концесија: “Злетово“ и “Тораница“, во кои без магично стапче, туку со верба и многу посветена работа, следена со реални инвестиции успеавме да покажеме резултат. Лично сум убеден и верувам во потенцијалите на “Фени“, пред се затоа што Кавадарци е град со 80 годишна традиција во производство на никел и луѓето ја имаат културата и енергијата со генерации за вакво нешто. Знам дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. знае и има капацитети да го врати “Фени“ на вистинскиот пат при што, ќе биде решен голем проблем на македонската економија.“, потенцираше Проф. Д-р Николај Валканов, Претседател на Бордот на Директори на “Минстрој Холдинг” А.Д.

Треба да знаете
Последни објави