
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција го соопшти новиот состав на Извршниот комитет на партијата, по одржаната седница на Централниот комитет на која, како што истакна, биле донесени клучни одлуки за понатамошно организациско зајакнување и модернизација на партијата.
Мицкоски информираше дека за организационен секретар е именуван Ивица Томовски, додека Владимир Неловски продолжува да ја извршува функцијата шеф на кабинетот.
Според него, новиот состав има за цел да обезбеди поефикасна, обединета и функционална партиска структура која ќе понуди конкретни и одговорни политики за граѓаните. Во наредниот период, најави и избор на претседатели на општинските комитети, како и нови раководства на Унијата на жени, Унијата на млади сили и на ветераните на партијата.
За генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки, а членови на Извршниот комитет се Александар Николовски, Владо Мисајловски, Гордана Димитриеска-Кочоска, Тимчо Муцунски, Никола Мицевски, Луке Галевски, Антонио Милошоски, Дафина Стојаноска, Рашела Мизрахи, Влатко Ѓорчев, Кирил Пецаков, Марија Андоновска, Ели Панова, Игор Јанушев, Марија Митева, Благоја Ташеминов, Орце Ѓорѓиевски, Онер Јакуповски, Драгана Бојковска, Синиша Стојановски, Стефан Андоновски, Филип Поповски и Бобан Николовски.
Мицкоски најави дека во наредниот период на составот на Извршниот комитет ќе му се приклучат и новоизбраните претседатели на општинските комитети, со што, како што рече, ќе се заокружи процесот на внатрешна реорганизација на партијата.

