Skip to main content
Македонија

Сточар од Лакавица остана без пет овци и три јагниња

06/02/2026  19:24

Непознати сторители украле пет овци и три јагниња синоќа, од бачилото на сточарот Ибраим Хусеин во штипското село Лакавица. Според Хусеин, непознати лица со автомобил се движеле низ селото и ги однеле животните.

,,Бараме да се најде некое решение, да им се помогне на сточарите. Лани имаше околу 100 овци украдени во Штипско, еве синоќа и кај мене” – изјави Хусеини.

Тој додаде дека одгледувањето овци станува сè потешко поради комбинација од климатските промени, сушата која ја намалува количината на млеко, и фактот што сточарите сè уште не ги добиле субвенциите. „Не се исплаќа, ние сме загрозени од сите страни. Климатата и времето се против нас, субвенциите ги нема, а на тоа се додаваат кражбите“, објасни Хусеин.

На крајот, сточарот упати апел до надлежните институции да ги најдат сторителите и да спречат вакви кражби во иднина.