Skip to main content
Свет

Мерц: Германија престанува со објавување детали за воената помош за Украина

11/05/2025  08:29

Германскиот канцелар Фридрих Мерц вчера објави дека германската влада ќе престане да ги открива деталите за воената асистенција за Украина.

“Под мое раководство, дискусијата за испораките на оружје, калибарот, системите за оружје и така натаму, ќе биде далеку од очите на јавноста”, рече Мерц во Киев.

Претходно, извори за Ројтерс наведоа дека објавувањето на податоци за испраќањето на вооружување за Украина ќе се минимизира со цел да се избегне можноста Русија да добие каква било предност од стратешко значење.