Skip to main content
Свет

Мелони: Италија е во Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот

29/03/2025  16:16

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Италија е во Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот.

Таа го критикуваше толкувањето на интервјуто што го дала за „Фајненшл тајмс“.

„Многу сум изненаденa од толкувањето на моето интервју за „Фајненшл тајмс“: тоа е скандалозно, Мелони изјавува дека е со Трамп против Европа“, но тоа не е она што го реков. Реков дека секогаш сум со Италија, дека Италија е во Европа и нејзината улога е да го брани единството на Западот, објасни Мелони.