Skip to main content
Скопје

Меџити: Започна отстранувањето на над 200 хаварисани и напуштени возила во Чаир

06/05/2026  19:43

Општина Чаир денес го започна акцискиот процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред.

Со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во различни делови на Чаир, а истовремено се придонесува и за заштита на животната средина.

„Од денес ослободуваме стотици паркинг-места за граѓаните и истовремено отстрануваме долгогодишен еколошки проблем. Ова се конкретни резултати што се гледаат и се чувствуваат секојдневно во Чаир”, изјави Меџити.

Општина Чаир и во наредниот период ќе продолжи со конкретни мерки и активности во функција на подобрување на јавните простори и квалитетот на живот на граѓаните.