Skip to main content
Свет

Маж со автомобил удри во група луѓе во Пасау, Германија

07/06/2025  20:18

Маж се заби со автомобил во група луѓе во јужниот германски град Пасау, јави ДПА. Полицијата не ја исклучува можноста за намерен напад.

Засега не е познато колку лица се повредени, ниту каква е тежината на нивните повреди.

Градот Пасау се наоѓа на границата меѓу Германија и Австрија, околу 150 километри источно од Минхен.