Skip to main content
Хроника

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани

27/04/2026  19:54

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Е.(31) од гостиварско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење “.

Пријавениот, во текот на 2025 и 2026, ја следел неговата поранешна 34-годишна партнерка, а на социјалните мрежи, преку лажни профили и упатувал закани на неа и на нејзиното семејство.