Откако опозицијата ја напушти седницата за изгласување недоверба на владата на Роберт Фицо, веќе втора недела во сите словачки градови траат протести на кои се бара пад на владата на Роберт Фицо поради нејзината поврзаност со Русија.
Десетици илјади незадоволни граѓани ширум Словачка протестираат против владата на Роберт Фицо. Длабоката политичка криза ја подели земјата, додека револтот на демонстрантите дополнително се засили со напорите на Фицо да создаде уште посилни врски со Русија.
Протестите во Братислава и другите градови низ земјата траат со недели, што го натера Фицо дополнително да ја засили својата реторика, обвинувајќи ги демонстрантите за обид за „државен удар“.
Гласањето за недоверба на словачката влада беше откажано оваа недела откако пратениците од опозицијата ја напуштија седницата на парламентот. Од друга страна, опозициските лидери посочуваат дека борбата против владата на Роберт Фицо се преселила на улица.
Меѓу бројните транспаренти кои ги држат насобраните демонстранти, голем број испраќаат пораки дека „Словачка не е Русија“ и дека Фицо не може да го имитира Путин и покрај неговата блискост со него.