
Вчера во 16 часот во Полициската станица Прилеп е пријавено дека на ул.„Цар Самоил“ во Прилеп, мопед без регистарски таблички, управуван од малолетник од Прилеп, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Прилеп, констатирани во Градската болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.