Skip to main content
Спорт

Македонија загуби и вторпат од Полска

12/04/2025  19:53

Македонските ракометарки загубија од Полска со 21-23 во реваншот од плејофот за пласман на Светското првенство (СП), откако и во првиот меч беа поразени со 18-22.

Полска го отвори мечот со мини-серија од 2-0, по што Македонија го возврати ударот (3-3). Жестоката борба продолжи и во останатиот дел од првото полувреме, а македонските ракометарки успеаја и да поведат со 8-7, по што се играше гол за гол до 10-10.

Гостинските ракометарки постојано го одржуваа водството во второто полувреме од еден гол, додека Македонија успеа да израмни неколку пати, но пропушти шанса повторно да го преземе водството.

Македонија во финишот пропушти неколку шанси, кои знаеше да ги казни Полска и да слави на крајот со 23-21. Најефикасна во македонскиот состав беше Катерина Дамјановска со пет голови, додека Балсам запиша седум погодоци за Полска.

Македонската женска репрезентација последен пат на Мундијал настапи во далечната 2007 година во Франција.